За денеска има четири сигурици во Лигата на шампионите, ПСЖ дома ќе слави

Второто коло од ракометната Лига на шампиони ќе се игра денеска и утре, а во понудата на Sport Life ги има сите осум средби. Сите четири денешни меча се со големи фаворити. Алборг треба да слави на гости кај Елверум, а Кил лесно да стигне до победа над Целје во Словенија.

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митевски со Порто е домаќин на Веспрем и ќе биде чудо ако бодовите останат за домаќините. Од сите четири средби, единствено ПСЖ е фаворит во дуелот со Висла Плоцк и Светците треба да слават со повеќе од 3,5 погодоци за да биде и „кец“ со хендикеп.

Во услови каде што има фудбалско затишје, мечевите од Лигата на шампионите се одлични за обложување.

- Оглас -

Најнови вести