За девет години, само трет дефанзивец кој е избран за фудбалер на месецот!

Жоел Матип е дефанзивец кој најчесто е во „сенка“ на Вирџил ван Дајк и Трент Александар – Арнолд во тимот на Ливерпул. Сепак, одличните игри на Матип не остана незабележана од оние кои ги доделуваат наградите за Најдобар фудбалер во месецот во Премиер лигата.

За многумина е изненадување, но Матип е прогласен за најдобар во февруари и тоа сосема заслужено.

Камерунецот ги одигра сите мечеви во Премиер лигата во минатиот месец и покрај одличната игра во одбраната, имаше ефект и во нападот. Постигна еден гол, а имаше и асистенција, па стана само третиот дефанзивец кој во последните девет години го добива ова признание во англиското првенство.

Претходно за најдобри во месецот, во улога на дефанзивци биле само соиграчите на Ливерпул, Александар–Арнолд и Вај Дајк. Последен дефанзивец кој бил избран за најдобар бил Ван Дајк во декември 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести