За Џани е двоен јубилеј – На големиот празник ќе го игра 50. меч за Македонија

Езџан Алиоски денеска ќе има двојна причина да биде на вообиаченото ниво и да одигра уште еден добар меч на денот на големиот празник, 30 години од самостојна Македонија и на јубилејниот 50. натпревар во дресот со националните бои.

Популарниот Џани стандардно ќе почне на левата бочна позиција и ќе биде еден од главните адути на Македонија за победа против Романците, прва на шесттиот меѓусебен дуел со ривалот што никогаш не сме го победиле на официјален меч.

Педесетка во националната селекција вечерва очекува и Кире Ристевски, но тој ќе почне од клупата за резерви и ако добие минутажа ќе запише убав јубилеј, исто како и Алиоски.

Најмногу натпревари по 70 од актуелниот состав за Македонија имаат одиграно капитенот Стефан Ристовски и Александар Трајковски, а апсолутен рекордер е македонската фудбалска икона Горан Пандев со 122 настапи. Со него троцифрен број на натпревари во националниот дрес има само уште Гоце Седлоски точно 100.

Вечерва ако постигне гол, Алиоски може да биде осамен на петтата позиција на вечната македонска листа со најдобри стрелци. Моментно Џани е на делба на петтата позиција со Илија Несторовски и Горан Мазнов и сите тројца имаат постигнато по 10 гола.

Први тука е Пандев со 38 погодоци, пред Трајковски со 18, Ѓорѓи Христов со 16 и Артим Шакири со 15.

 

 

- Оглас -

Најнови вести