34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

За добар почеток на колото, има еден сигурен фаворит на Спортска прогноза

За добар почеток на второто коло на Спортска прогноза, учесниците што досега типуваат веќе имаат еден сигурен фаворит, а тоа е Фиорентина на дуелот од Серија А против Торино.

Досега дури 90,17 отсто прогнози се дека на „Артемио Франки“ во Фиренца победата ќе им припадне на домаќините против 7-кратниот италијански првак Торино.

Колото сè уште е во тек и е отворено за прогнозирање и за учество во играта што веќе четврта сезона бесплатно за обложувачите ја организираа Sport Life и Спорт Манија.

Има уште многу интересни парови на популарната Тринаестка, а прогнозерите почнаа одлично и веќе во првото коло покажаа дека се во топ-форма.

Имаше тројца прогнозери со по 12 погодени двојки, што им донесе ваучери од Sport Life од по 1.000 денари и дури 23-ца со по 11 погодени двојки со награда, ваучер од 500 денари.

Играта е многу интересна, главната награда во секое коло е прекрасниот „ајфон 12“, а за да се учествува, треба да имате само СЛ картичка од Sport Life.

За прогнозирање сè уште има време, последниот рок за да се приклучите е до утре, до 15.30 часот, кога ќе почне колото со дуелот во Германија меѓу Арминија Билефелд и Ајнтрахт Франкфурт.

 

 

- Оглас -

Најнови вести