Краснодар – Порто (19 ч.)
Краснодар беше изненадување во руското првенство, но дека тимот продолжува со добрите игри, покажа и во новото првенство. Пред неколку дена, Краснодар гостуваше кај шампионот Зенит и беше на чекор од големо изненадување. Водеше со 1:0, а Зенит од пораз се спаси со гол во 93 минута.
Сепак, кога се работи за европски настап, Краснодар никако не може да се споредува со Порто. Некогашниот европски шампион не смее да си дозволи кикс и треба да одигра барем нерешено, за да има помирен реванш на свој терен.
Предлог тип: X2&2-4 (2.40) – квота на денот во Sport Life
Марибор – Розенборг (20:15 ч.)
Кога се работи за клубовите од екс Југославија, фокусот е на Црвена ѕвезда и Динамо Загреб, но Марибор низ годините покажува дека има европски квалитет. Словенечкиот првак покажа стабилност и во претходното коло од квалификациите, по голема драма дури по 120 минути во реваншот кај АИК го елиминираше тимот од Стокхолм. Марибор во 117 минута даде гол за поминување понатаму.
Розенборг во претходното коло го елиминираше БАТЕ Борисов во мечеви на кои имаше барем по два гола. Ако се знае дека и Марибор игра отворено, ова треба да е дуел со повеќе погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.40) – квота на денот во Sport Life
Галатасарај – Акхишар (20:30 ч.)
Без многу дилеми, Суперкупот на Турција треба да му припадне на Галатасарај. Актуелниот првак ќе игра против екипата која минатата сезона беше последна во првенството и испадна во втора лига. Сепак, Акхишар ќе биде дел од Суперкупот благодарение на одличните игри во Купот, каде стигна до финалето, но очекувано загуби токму од Галатасарај.
На тој меч од финалето во Купот, турскиот гигант победи без многу проблеми со 3:1, па фановите на овој клуб сега очекуваат нова голеада и нов трофеј во витрините на Галатасарај.
Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.65) – квота на денот во Sport Life
Салцбург – Реал Мадрид (19 ч.)
Кога игра Реал Мадрид летово, головите се неизбежни. Кралскиот клуб прими 16 гола на пет контролни дуели, што е нивна најслаба одбрана во последните 39 години во подготвителен период. Салцбург ќе игра на свој терен и сигурно ќе сака да направи шоу за своите навивачи.
Реал не смее да си дозволи нов неуспех. На шпанскиот гигант му е потребна победа за зголемување на самодовербата. Во еден ваков дуел сигурно нема да има калкулации.
Предлог тип: 2-2& 2-5 (3.50)
Базел – ЛАСК Линц (20 ч.)
Во претходното коло од квалификациите за ЛШ, Базел го елиминираше ПСВ Ајндховен и покажа дека има тим за групна фаза од ЛШ. Според звучноста на името, ЛАСК Линц треба да биде полесен ривал од тоа што беше ПСВ. Сепак, работата треба да се заврши на терен и Базел во првите 90 минути да стекне сигурна предност, пред реваншот.
Помалку е неверојатно, но Базел игра 3+ на последните 19 меча, без разлика во кое натпреварување. Од тие 19 средби, дури 15 се гол-гол 3+. И ЛАСК не може да се пофали со стабилна одбрана, па повеќе од очекувано е да има голеада.
Предлог тип: 1&3+ (2.62)