Италијанската фудбалска федерација објави дека се продадени сите билети кои беа на располагање во слободна продажба за натпреварот на 24-ти март со Македонија од баражот за Мундијалот во Катар.
На трибините на „Ренцо Барбера“ ќе има 26.000 навивачи, што е 75 отсто од капацитетот. Првите 6.000 билети беа продадени на најверните фанови на Италија, а останатите 20 илјади биле резервирани денеска за само два часа.
Македонските навивачи кои сакаат да присуствуваат на натпреварот, може да аплицираат од 7 март за билети кои чинат по 12 евра, а сите детали може да ги најдат ТУКА.