За два дена после баражот Италија – Македонија, Бугарите договорија силна контрола

Првиот противник на Македонија од новата сезона од Лигата на нации, тоа е Бугарија, на 26-ти март во Доха ќе игра пријателски меч против Белгија, Португалија или Хрватска. Три дена после тој дуел, на 29-ти март истотака во Доха, Бугарите ќе играат со домаќинот Катар.

Нашите источни соседи планираа контрола против Португалија, но бидејќи Португалците во тој период играат бараж за СП, не се знае дали ќе може да дојдат во Доха. Ако играат финале против Италија или Македонија, Португалците ќе мира да ја откажат контролата против Бугарија. Затоа резервни варијанти им се Белгија и Хрватска, но против кого и да играат, тоа ќе биде квалитетен тест пред пресметката со Македонија на почетокот на јуни.

- Оглас -

Најнови вести