За двократниот европски првак нема крај, го донесе 30-тото засилување иако преодниот рок заврши

По повеќе од 20 години, Нотингам форест повторно се врати во Премиер лигата и клубот има јасна цел дека сака да остане во елитата. Пред почетокот на сезоната, Нотингам форест направи повеќе од 20 трансфери доведувајќи нови играчи за да може клубот да биде конкурентен во елитата.

Овој систем даде резултати затоа што Нотингам форест моментално е на 13-тото место на табелата и е во безбедната зона. Со доведување нови играчи, клубот продолжи и во зимскиот преоден рок, па по завршување на јануарскиот трансфер-период, беше потврдено дека вкупно 29-мина нови играчи оваа сезона се регистрирани во Нотингам форест.

Сепак, тука не е крајот. Иако преодниот рок заврши, Нотингам е пред доведување и на 30-тиот нов фудбалер, а тоа е Андре Ају. Искусниот 33-годишен капитен на репрезентацијата на Гана пристигна во англискиот тим затоа што моментално е слободен играч, без ангажман.

- Оглас -

Најнови вести