За еден меч нема утка, остануваат уште 12 загатки на Спортска прогноза за „ајфон 12“

Атлетик Билбао сигурно ќе ја победи Мајорка во меч од Ла Лига типуваат прогнозерите во четвртото коло на Спортска прогноза. Досега дури 94 проценти од учесниците што веќе типувале и ја играат бесплатната игра прогнозирале дека бодовите ќе останат на „Сан Мамеш“.

Тоа е огромен процент, што значи дека има еден сигурен тип на Спортска прогноза, па останува само да се приклучите со свои прогнози за останатите 12 натпревари и да очекувате погодоци на популарната Тринаесетка во трката за прекрасната награда „ајфон 12“.

Тоа можете да го сторите до утре, до 15.30 часот, кога ќе започне и првиот меч, и тоа дерби во Бундеслигата меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд.

Потоа следуваат два меча од Премиер лигата, па дербито во Италија меѓу Наполи и Јувентус и за крај на саботната програма е токму дуелот меѓу Атлетик Билбао и Мајорка.

Понудата е интересна и за недела, има микс од седум меча од Топ-5 лигите во Европа и повторно дерби во Италија меѓу Милан и Лацио.

Последниот натпревар од четвртото коло во четвртата сезона на Спортска прогноза ќе се игра во понеделник меѓу Хетафе и Елче, се надеваме и дека ќе се чека исход за „ајфон 12“.

За учество во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија ви треба само СЛ клуб картичка, што исто така е бесплатна и експресно може да се добие во сите обложувачки места на Sport Life.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести