За еден од најдобрите играчи на Партизан сезоната може да е завршена!

Дисциплинската комисија на Евролигата ќе има работа при одредување казни за највоинствените актери во тепачката на мечот Реал Мадрид – Партизан, а веројатно прв на тапет ќе биде Французинот Гершон Јабуселе од Реал.

Јабуселе со боречки зафат го тресна од земја Данте Ексум. Австралиецот брзо по ова стана на нозе додека беше жежок, дури и трчаше по Кевин Пантер, но потоа сфати дека е повреден.

На крајот Ексум не можеше да гази на едната нога. Првите информации се дека одличниот кошаркар има пукната тетива на прст на ногата. По деталните снимки во Белград, ќе се знае точната тежина на повредата.

https://twitter.com/i/status/1651691262972395520

- Оглас -

Најнови вести