Одлично прво полувреме и поскромно продолжение одиграа Челзи и Ливерпул во дербито на 21-вото коло во Премиер лигата, што заврши нерешено 2:2.
Судијата Ентони Тејлор му прогледа низ прст на Сенегалецот, а Мане го доби најбрзиот жолт картон во историјата на Премиер лигата и потоа погоди во деветтата минута за 1:0 за Ливерпул.
Кога и Мохамед Салах на мајсторски начин погоди во 26-тата минута, се очекуваше сигурна победа на Ливерпул, а тандемот на Црвените од Африка го израмни рекордот на легендите Боби Чарлтон и Џорџ Бест со погодоци, и тоа заедно на 29 натпревари.
Salah scores his 17 League goal to make it 2-0 #CHELIV pic.twitter.com/OCINgaWHta
— Real Madrid⚪️ (@realmadrid3412) January 2, 2022
Сепак Челзи се врати во игра само за четири минути во финишот на првото полувреме, а машинеријата на европскиот првак ја разбуди Матео Ковачиќ со еврогол во 42-рата минута.
WHAT A GOAL FROM MATEO KOVACIC! #CHELIV pic.twitter.com/ZFjNQXpKAk
— ً (@Asensii20) January 2, 2022
Кристијан Пулишиќ израмни на 2:2 во првата минута од судиското продолжение за реми на дербито, бидејќи во второто полувреме немаше голови.
Челзи остана на второто место со 43 бода, десет помалку од лидерот и актуелен првак Манчестер сити. Ливерпул е на третото место со 42 бода, но и со меч помалку од ривалите за титулата.