Вчера, понеделнички неделата одлично започна за еден обложувач во Sport Life кој уплатил само 50 денари, а на крајот се радувал на добивка од 70.571 денари. Тактиката била едноставна, на пет меча кои се играа синоќа, одиграна е иста игра, а тоа е двете екипи да дадат барем по еден гол во првото полувреме. Квотите за оваа игра на петте одбрани мечеви се движат меѓу 3.15 и 5.30.
Во англискиот ФА куп, Вест хем со 2:1 водеше на полувреме против Брентфорд и тоа беше доволно да се погоди гол-гол во првото полувреме. Во италијанската Серија А, Лацио и Сасуоло играа 1:1 по првото полувреме, а римскиот тим донесе радост за домашните фанови откако на крајот славеше со 2:1.
Во холандската втора лига, Јонг Аз и Емен во првото полувреме играа со резултат 1:2 и тоа беше повеќе од дволно да се погоди квотата за гол-гол.
Хорсенс на свој терен со 1:3 загуби од Лингби во меч на кој гостите на полувремето водеа со 2:1 и до крајот на средбата само го потврдија триумфот.
Со овие пет натпревари на кои имаше гол-гол во прво полувреме погоден беше вкупен коефициент од 1.660, па со само 50 денари добивката е речиси 1.200 евра.


