Мајсториште! Со точни резултати по прво полувреме си заработи речиси 4.000 евра во Sport Life (ФОТО)

Некогаш и не треба да се размислува многу кога се игра спортска, а доказ за тоа е овој обложувач кој во уплатното место Кисела Вода 3 на Sport Life со 50, заработи 239.994 денари.

Сите четири натпревари коишто беа од рамките на Лигата на шампионите, на тикетот се бараше да завршат 1:1 по првото полувреме, а тоа и се случи.

РОНАЛДО МУ ДОНЕСЕ УБАВА ЗАРАБОТКА

За да се добијат речиси 4.000 евра, потребно е и да се има спортска среќа, а таа го следеше играчот кој ќе му биде благодарен на Кристијано Роналдо.

Португалецот со голот во судиското продолжение од првото полувреме израмни на 1:1 против Аталанта и донесе голема радост кај мајсторот за обложување.

Нешто слично беше и на мечот меѓу Севилја и Лил, каде што гостите во 43-тата минута израмнија преку погодениот пенал на Џонатан Давид.

СО 20 ДЕНАРИ НАПРАВИ УБАВ „МИКС“ И ИМАШЕ УШТЕ ПОУБАВА ДОБИВКА

Уште еднаш се покажа дека со мала уплата може да се заработи убава пара.

Такво нешто ни демонстрираше играчот од Пробиштип, кој со 20 денари си освои 78.690 денари, комбинирајќи седум натпревари од Лигата на шампионите, пониските англиски лиги како и од венецуелскиот шампионат.

Вториот гол на Вилјареал преку Етиен Капу во 89-тата минута за 2:0 значеше и кружење на последниот пар бидејќи се бараше домашна победа проследена од два до пет погодоци.

Сепак, најимпресивната квота од овој тикет е таа од дуелот меѓу Лејстон и Нидхам, која изнесува 5.45, а се бараше нерешен резултат на полувремето, односно домашен триумф.

И тој дојде благодарение на успешно реализираниот пенал во самата завршница со кој домаќинот победи со 1:0.

Иако Јувентус и Барса беа огромни фаворити во своите дуели, мајсторот од Пробиштип исто така „намириса“ нивна победа, но по првиот дел резултатот да биде нерешен, како што и испадна, и на двата пара си заокружи квоти од 4.15 и 4.25, со што само дополнително си ја зголеми добивката која сега мераклиски ќе си ја троши.

- Оглас -

Најнови вести