За Елмас дваесетина минути во триумфот над Бреша (видео)

Наполи им се врати на победите и на „Сан Паоло“ ја совлада Бреша со конечни 2-1. Избраниците на Карло Анчелоти ја запишаа четвртата победа по шест кола, па со 12 бода сега се наметнаа во топ 4 местата на табелата во Серија А.

Мертенс и Манолас ја тресеа мрежата на гостите во првото полувреме, додека тимот на Бреша го држеше во игра првенецот на Марио Балотели кој го постигна во 67-та минута. Набрзо потоа во игра влезе Елиф Елмас заменувајќи го искусниот Љоренте, па Наполитанците се стегнаа во средината и до финишот го задржаа минималното водство.

https://www.dailymotion.com/video/x7lwg6y

 

- Оглас -

Најнови вести