За Елмас е добро што Гатузо нема многу опции пред гостувањето кај Гранада

Крајот на јануари беше одличен за Елиф Елмас со двата погодоци против Парма во првенството и Специја во Купот на Италија, по што македонскиот дијамант сè почесто се наоѓа во стартните 11 на Џенаро Гатузо.

На добар начин ги искористи отсуствата на неколку првотимци, а сега Елмас се наоѓа во слична ситуација во пресрет на гостувањето на Наполи кај Гранада во првиот дуел од Лигата на Европа.

Гатузо не смета речиси на целот тим, вечерва нема да играат: Лозано, Мертенс, Деме, Петања, Оспина, Манолас, Хисајл, Гулам, Ди Лоренцо, и Кулибали.

Отсуството на Лозано и Мертенс значи дека Елмас вечерва речиси сигуно ќе биде стартер, со тоа што ќе има поофанзивна задача во однос на претходните натпревари, односно се очекува да игра на една од крилните позиции.

Првиот дуел од 1/16 фазата е закажан во 21 часот, а седум дена подоцна е предвиден реваншот на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол.

- Оглас -

Најнови вести