За финалето на ЕП 2020, малку ќе бидат и седум Вемблија

Владее незапаметено голем интерес за натпреварите од претстојното Европско првенство во фудбал, а објавено е дека досега само за финалето кое ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, има над 714.000 барања, што е речиси осумпати повеќе од капацитетот на славниот стадион, а 710 илјади побарале билет за дуелот Германија – Франција на 16 јуни во Минхен.

Вкупниот број барања за билети за сите мечеви е 28,3 милиони, и ова најавува дека на сите мечеви на Еуро 2020, трибините ќе бидат исполнети. Средбите може да ги гледаат максимум 2,5 милиони луѓе, толку билети може да бидат продадени.

ЕП ќе се игра од 12 јуни до 12 јули, во 12 различни земји. Околу 64 проценти од барањата за билети се од земјите домаќини. На континенталниот собир можеби првпат ќе игра и македонската репрезентација, ако на крајот на март ги добие двата меча (дома со Косово и на гости со Белорусија или Грузија) го освои првото место во Лигата Д од Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести