1152 Челзи – Лидс (20.30 часот)
Сините од Лондон имаат убава серија од четири победи по ред во Премиер лигата, нема зошто да не го продолжат победничкиот ритам. Лидс е во долниот дел на табелата, шест бода над опасната зона, а во последните четири кола има само еден пораз. Лидс на 12 гостувања сезонава има само една победа и освоени скромни 7 бода. На почетокот на декември во Лидс, Лидс го победи Челзи со 3-1. Последната победа на Лидс на „Стемфорд бриџ“ беше пред речиси 27 години, а во 21 век ги загуби сите гостувања на овој стадион.
Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.80)
1154 Евертон – Борнмут (20.30 часот)
Карамелите и Црешите имаат нагорен тренд во формата, двата тима одамна немаат пораз во Премиер лигата и во моментов се стабилни на табелата, без опасност од испаѓање, а прилично далеку и од борбата за излез во Европа. Евертон има три бода повеќе од Борнмут, а големата разлика меѓу нив е што Борнмут е многу поефикасен, но има и многу повеќе примени голови од тимот од Ливерпул. Евертон дома не победил од 6 декември. На почетокот на декември Евертон славеше на гости кај Борнмут со 1-0, но Борнмут ги доби последните две гостувања кај Евертон, по едно во Премиер лигата и во ФА купот.
Предлог тип: Х било кога (1.80)
1153 Тотенхем – Њукасл (20.30 часот)
Тотенхем е 15-ти на табелата и има серија од пет кола по ред без победа. Њукасл е 12-ти и има три порази едноподруго, па за двата тима ова е шанса за излез од кризата. Чавките имаат четири бода повеќе, иако гол-разликата на двата тима е речиси иста, имаат еднаков број дадени, а Њукасл еден примен гол повеќе. Петлите од Лондон не може да сметаат дури на 10-мина фудбалери, повеќето повредени, а суспендиран е дефанзивецот Ромеро, кој ги даде двата гола во декември, кога се сретнаа овие екипи на „Сент Џејмс парк“ и одиграа 2-2. На последните пет нивни пресметки во Лондон, двата тима давале гол.
Предлог тип: 1Х & 2-5 (2.15)
3033 Наполи – Комо (21.00 часот)
Ова е меч од четвртфиналето на Купот на Италија. Наполи е фаворит затоа што игра дома, а и ќе бидат мотивирани во Купот да пробаат да го освојат пехарот бидејќи во Серија А шансите за такво нешто се прилично мали според ситуацијата на табелата во моментов. И Комо во купот гледа шанса да направи нешто повеќе, па може да има голема борба на теренот во Неапол, особено што нема реванш, немаат право на кикс ни едните ни другите ако сакаат да одат во полуфиналето, каде што противник ќе им биде Интер. Комо е опасен гостин, има четири победи по ред, а на почетокот на ноември, кога овие тимови се сретнаа во Неапол, резултатот беше 0-0.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.24)
1155 Вест хем – Манчестер ј. (21.15 часот)
Вест хем има три победи на последните четири меча, а и на тој што загубија водеа 2-0, јасно е дека се во форма и дека конечно се свестија дека може да испаднат, па заиграа како што треба. Манчестер јунајтед е во уште поголем налет, има четири победи едноподруго и четврти е на табелата. Голови сигурно ќе има, со нерешено не би се задоволиле ни едните ни другите. Оваа средба ќе се следи со посебно внимание и поради навивачот Френк, кој вети дека нема да ја истрижи косата додека Јунајтед не врзе пет победи по ред, а во моментов имаат четири и ако слават и во Лондон, Френк конечно ќе ја скрати косата. Во декември на „Олд Трафорд“ беше 1-1, а Вест хем дома има три победи по ред во дуелите со Црвените ѓаволи.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.81)

