За Френки, Јуве е посилен од Реал

Плејмејкерот на Ајакс кој во следната сезона ќе го носи дресот на Барселона, Френки де Јонг, смета дека Јувентус е посилен од Реал Мадрид и затоа ова четвртфинале е потешко од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Реал Мадрид е елитна екипа која не случајно освои толку многу титули во ЛШ, но сезонава е во слаба форма. Мислам дека Јувентус во моментов е посилен од Реал“, рече Де Јонг за холандските медиуми.

Де Јонг искажа многу пофалби за Кристијано Роналдо.

„Јуве е еден од фаворитите за титулата, европскиот трон е нивната цел. Но, ако играме на вообичаеното ниво, можеме да им ја отежниме работата. Веројатно ќе имавме поголеми шанси да победиме ако не играше Роналдо, но поубаво е кога играте против најдобрите играчи и успеете да ги победите“, додава де Јонг.

 

- Оглас -

Најнови вести