За гол каков што постигна Рони треба да си фудбалски мајстор (Видео)

Бразилецот Рони постигна необичен и многу тежок гол за Палмеирас во победата против Коритиба од 4:0, а таков потег и погодок им прилега на најголемите фудбалски мајстори.

Шпицот на домаќините реагираше молскавично на асистенцијата на Скарпа и со левата нога го промени правецот на движење на топката и воедно го лобуваше голманот на гостите.

Palmeiras [2] – 0 Coritiba | 34′ Rony (great goal) from soccer

За Рони ова беше десетти гол за Палмеирас, со што е меѓу најдобрите стрелци во бразилското првенство, а има огромен придонес за првото место на тимот, кој е на врвот на табелата со 12 бода пред Интернасионал и речиси сигурно ќе биде шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести