За големиот талент на Арсенал се бореа и Англија и БиХ, а тој реши да игра за Србија!

Еден од најголемите таленти во Академијата на лондонскиот Арсенал, 16-годишниот Луис Зечевиќ-Џон, одлучи да игра за кадетската репрезентација на Србија.

Таткото на Луис е Британец со потекло од Средна Америка, а мајка му е Србинка од босанската престолнина Сараево.

Тој е голем талент, игра како десно крило, спонзор му е компанијата „Најки“, а омилен играч му е Душан Влаховиќ и неколку пати годишно го посетувал Белград, каде што имал роднини.

- Оглас -

Најнови вести