Реал Мадрид утревечер на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Манчестер сити во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, дуел кој многумина го најавија како финале пред финалето. Кралскиот клуб е најуспешен во историјата на ЛШ, а Сити е актуелен бранител на највредниот клупски трофеј во Европа.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, откри дека сезонава ги нема гледано натпреварите на Реал Мадрид затоа што фокусот му бил на друго место.
„Не сум ги гледал мечевите на Реал Мадрид, едноставно немав време за тоа. Се бориме за титулата во Премиер лигата и тоа трае веќе девет месеци, па едноставно немав време да бидам дефокусиран“, открива Гвардиола.
Реал Мадрид веќе девет дена одмора и нема ниту еден меч, додека Сити во овој период одигра две средби, во кои победи англискиот првак.