За Халанд нема дилеми: Новак Ѓоковиќ е спортист број 1 во светот!

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд гостуваше во поткаст на клупската телевизија на Манчестер сити и доби едно неочекувано прашање. Тој требаше да одговори кој спортист надвор од фудбалот е број 1 според него. По кратко размислување, одговорот беше следниот:

„Ми се допаѓа Ѓоковиќ. Мислам дека е добар и свој на своето. Неверојатно е тоа што успеа да го постигне. Дојде од никаде, од својата земја. Го бирам Ѓоковиќ“, рече Халанд.

Ваквиот одговор на Халанд ги воодушеви сите симпатизери на Новак Ѓоковиќ, кој е апсолутно најдобиот тенисер во историјата на овој спорт, кој ги помери сите граници и постави рекорди кои тешко дека во блиска иднина ќе бидат соборени.

- Оглас -

Најнови вести