За храбрите има опција за точен резултат, за сигурица е ГГ3+

3001 Интер – Салернитана (20:45 ч.)

Интер е во криза каква што не памети во последно време. Нераѕурите немаат победа во последните пет меча (три нерешени и два порази). Освен што нема победа речиси еден месец, актуелниот италијански првак е и во голгетерска криза, па повеќе од 400 минути нема дадено гол.

Во една ваква ситуација можеби и нема подобар ривал од Салернитана за Интер. Последниот тим во Серија А на свој терен загуби со 5:0 од Интер, па реално и сега треба лесно да го „положи оружјето“ во Милано.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.89)

 

1801 Арминија Билефелд – Аугсбург (20:30 ч.)

Дуел на две екипи кои се борат за опстанок во Бундеслигата. Нападот им е полаба страна, а и резултатите од последните четири меѓусебни дуели велат дека нема повеќе од два гола.

Арминија дома има дури седум нерешени и две победи, но ретко губи и сезонава само трипати не освоила ниту еден бод на свој терен. Аугсбург е вториот најслаб тим на гостински терен, па реално е домаќинот да е во улога на фаворит.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.30)

 

1613 Алавес – Севилја (21 ч.)

Севилја е единствениот тим кој донекаде му парира на Реал Мадрид во трката за титулата, но ако сака така да остане, вечерва мора да победи на теренот на Алавес. Домаќините се во незавидна ситуација затоа што се претпоследни на табелата.

Алавес го има најслабиот напад во Примера само со 21 постигнат гол во 26 кола, а со 44 примени ја има и втората најслаба одбрана.

Предлог тип: 2 (2.15) – понуда од Супер типот во Sport Life

 

1656 Сент Труден – Мехелен (20:45 ч.)

Мехелен е еден од најатрактивните клубови за гледање во Белгија. Во 28 меча имаат гол-разлика 50 дадени и 48 примени гола, што е 3,5 погодоци на меч. Сент Труден е во добра форма и во последните седум кола има четири победи и две нерешени, а само еден пораз.

Предлог тип: 1+I&3+  (2.01)

 

2802 Копенхаген – Рандерс (20 ч.)

Копенхаген е лидер на табелата и ако сака да биде првак дома, не смее да распродава бодови. Рандерс е во лоша форма и има седум меча без победа. Неверојатно делува тоа што четири од последните шест меча завршиле со 2:1 за домаќините, а еднаш било 1:2.

Ако сакате да ѝ верувате на оваа традиција, храбрите може да одиграат точен резултат 2:1 или поедноставно е да се одигра ГГ3+.

Предлог тип: 2:1 точен резултат (9.25)

- Оглас -

Најнови вести