3005 Сасуоло – Рома (18:30 ч.)
Рома го загуби големото дерби од Лацио и сега ќе мора да се поправи на гостувањето кај Сасуоло. Волчицата игра одлично на туѓ терен и сезонава има пет победи, едно реми и само еден пораз. Ако се видат последните 10 меча меѓу овие два тима, дури петпати било нерешено, Рома има четири триумфи, а Сасуоло се радувал само еднаш.
Двата тима играат цврсто во одбраната, па можно е и еден момент да биде решавачки на оваа средба, а секако гостите се со поголеми шанси за триумф.
Предлог тип: 2&0-3 (3.15)
1806 Лајпциг – Фрајбург (20:30 ч.)
Фрајбург е најпријатното изненадување сезонава и моментно е втор само со еден бод помалку од лидерот Баерн Минхен. Трите победи во низа без ниту еден примен гол даваат дополнителна самодоверба кај гостите дека може добро да поминат и на ова гостување.
Лајпциг е тимот со најдобар биланс на свој терен и има пет победи и само едно реми, па не случајно ова е дерби на денот во Бундеслигата. Тоа што е впечатливо е дека последните три меѓусебни дуели завршиле со резултат 1:1, а овој резултат се среќава и по четврти пат ако се погледнат последните шест меѓусебни средби, па за храбрите е добро да одиграат и на оваа варијанта. За оние кои сакаат да играат на посигуно, тука е играта гол-гол.
Предлог тип: 1:1 точен резултат (7.75)
1122 Ливерпул – Дерби каунти (21 ч.)
Во овие мечеви од раната фаза во Лига купот, Јирген Клоп најчесто повеќе шанса им дава на оние играчи кои помалку играле во првенството. Фактот дека Ливерпул игра дома и за ривал има екипа која не е ни во врвот од Лига 1 (трета лига по ранг во Англија), јасно го одредува фаворитот.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.70)
1304 Севилја – Реал Сосиедад (19 ч.)
Севилја се мачи сезонава и само 11 бодови од 13 меча сигурно не е билансот кој го очекуваа во тимот од Андалузија. Во шест меча на свој терен, нема ниту една победа и само со три освоени бода на свој терен и три дадени гола е вториот најслаб домаќин.
Сосиедад влезе во една резултатска криза и има само една победа во последните пет меча, а Севилја не е нивниот омилен противник затоа што го нема победено на последните девет дуели (Севилја има пет победи и четири средби биле нерешено и тогаш секогаш било 0:0). Дури и тука ако се следи традицијата, дуел без погодоци е реална опција, односно за оние кои не сакаат многу да ризикуваат играта е 0-2 гола.
Предлог тип: 0:0 точен резултат (9.00)
2910 Унион Берлин – Аугсбург (20:30 ч.)
Меч кој може да покаже дали заврши убавиот сон за Унион Берлин, тим кој до пред неколку дена беше лидер на табелата. Сепак, двата порази во последните три меча покажуваат дека формата на Унион Берлин не може да биде на константно високо ниво.
Затоа мечот против Аугсбург можеби е во вистинско време за нив бидејќи гостинот е во криза и во последните шест меча има четири порази и само две нерешени. Тоа што е карактеристично за Аугсбург е дека игра отворен фудбал, па не случајно на последните осум меча секогаш игра гол-гол, а дури седумпати било ГГ3+.
Предлог тип: ГГ3+ (2.70)