За храбрите: Одиграјте точен резултат 1:3

Килмарнок – Селтик (17:30 ч.)

Селтик силовито започна во новото првенство откако на свој терен победи убедливо со 5:1 против Хамилтон. Шампионот сега ќе гостува кај Килмарнок, противник кој не треба да му зададе многу проблеми. Селтик победи на последните шест меѓусебни средби, а интересно е што последните три дуели завршија идентично – фаворитот победуваше со 3:1.

Повеќе од сигурно е дека гостинот тука ќе слави и тоа во меч со повеќе погодоци, а нашата прогноза овојпат за оние кои сакаат да ризикуваат за точен резултат.

Предлог тип: точен резултат 1:3 (10 коеф.)

 

Интер Турку – Хака (17:30 ч.)

Традицијата и актуелната ситуација на табелата покажува дека домаќинот е апсолутен фаворит. Интер Турку победи на последните шест меча против Хака и речиси сигурно дава барем по два гола. По осум кола во новото првенство Интер е ко-лидер на табелата со Купс, а Хака има само 4 бода од седум меча.

Интер Турку сезонава на четири меча на свој терен има четири победи и тој перфектен биланс треба да продолжи и денес.

Предлог тип: 1 (1.58)

 

Партизан – Јавор (20:30 ч.)

Овие два тима имаат одиграно вкупно 28 меча, а Јавор никогаш не се радувал против црно-белите. Партизан има 12 победи во низа против овој ривал, а во последните 11 победи, фаворитот дава барем по два гола.

Јавор добро ја започна оваа сезона, но тешко дека во Белград ќе може да направи изненадување.

Предлог тип: 1-1 3+ (1.71)

 

Фросиноне – Порденоне (21 ч.)

Полуфинале од плејофот во Серија Б на екипи кои се надеваат дека ќе стигнат во место во елитниот италијански фудбал за следната сезона. Фросиноне како осмопласиран на табелата едвај стигна до плејофот, но успеа да ја елиминира Цитадела и тоа со гол во 121 минута.

Порденоне лошо ја заврши сезоната, без победа на последните пет меча. Двата тима играат офанзивно, но овојпат се работи за меч кој е најважен во сезоната и сигурно ќе има многу тактизирање, па нема да биде чудо да се решава и по завршување на регуларните 90 минути.

Предлог тип: Х (3.25)

 

Спартак Москва – Сочи (19 ч.)

Старт на новата сезона во руското првенство, а домаќините сигурно ќе сакаат да тргнат со победа. Сочи е тим кој има проблем со нападот, а Спартак речиси стандардно постигнува барем еден гол на меч.

Двата меча кои ги одиграа во претходната сезона завршија со минимални победи на домаќините, па и сега не треба да се очекува многу добра реализација.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести