За играта на Македонија, ФИБА даде оценка 3: Најнесреќната репрезентација во квалификациите!

Македонската кошаркарска репрезентација заокружи една декада како апстинира од големата сцена и повторно нема да биде дел од завршницата на Европското првенство кое ќе се игра годинава. На неодамна завршените квалификациите за континеталниот собир, Македонија беше во група со Литванија, Естонија и Полска, а на крајот заврши со две победи и четири порази.

Иако го освои третото место во групата, Македонија нема да биде дел од ЕП затоа што Полска, која беше последна, имаше автоматски обезбедено место на завршницата бидејќи тоа е една од земјите домаќини. Македонија двапати ја победи Полска, но по двапати загуби во дуелите со Литванија и Естонија.

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) направи оценување и даде коментари за играта на сите национални селекции кои беа дел од европските квалификации. Кога се работи за Македонија, оценката на ФИБА е (3-тројка).

Во објаснувањето за оваа оценка, коментарот од ФИБА е следниот: „Најнесреќниот тим од квалификациите кој заврши во иста група со домаќин и две репрезентации кои се во форма и се со големо искуство играјќи заедно.“

За оценките и коментарите што ФИБА ги даде за сите останати репрезентации може да прочитате ТУКА.

Македонија последен пат играше на ЕП во 2015 година, кога во групната фаза од шест селекции, нашата репрезентација заврши на петтото место и не обезбеди место во нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести