За историја: Само 97 секунди поминаа од првиот до вториот гол на Мбапе (Видео)

Килијан Мбапе направи чудо што не е видено во финале на Светско првенство, кога за помалку од 100 секунди постигна два гола. Од првиот гол од пенал, до вториот мајсторски гол со волеј на Мбапе, поминаа само 97 секунди.

Мбапе е само деветиот фудбалер кој успеал да постигне два погодоци во едно финале на СП, прв по Бразилецот Роналдо во 2002 година. Тој е и само петти играч кој постигнува погодок во барем две финалиња на Мундијалите, влегувајќи во друштво на Бразилеците Вава и Пеле, Германецот Паул Брајтнер и Французинот Зинедин Зидан.

- Оглас -

Најнови вести