Со освојувањето на титулата на АТП-челинџер турнирот во Калгари, Канада, хрватскиот тенисер Иво Карловиќ испиша историја. Тој со 39 години и осум месеци стана највозрасниот тенисер кој некогаш освоил челинџер на АТП. Досега најстариот освојувач на челинџер, Дик Норман, имаше 38 години и еден месец.
Во финалето на турнирот во градот домаќин на Зимските олимписки игри 1988, Карловиќ беше подобар од првиот фаворит Џордан Томпсон од Австралија со 7-6, 6-3.
Очигледно дека во рацете и нозете на двометрашот уште има сила. Тој во кариерата има освоено осум АТП турнири, од кои седум се Челинџери. „Доктор Иво“ во моментов е на 108 место на светската ранг листа и целта му е напролет, кога ќе има полни 40 години, да биде во топ 100.