10.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

За Израел и Англија има една сигурна игра, a Шпанија и Украина се селекции кои не тактизираат

6202 Израел У21 – Англија У21 (18 ч.)

Ова се две селекции кои заедно беа во Ц групата на младинското Европско првенство и на дуелот пред две недели Англија лесно победи со 2:0. Гордиот Албион доминираше на овој дуел, имаше 66 отсто посед на топката и постигна по еден гол во двете полувремиња.

Израел на сите четири дуели на ова ЕП одигра дефанзивно и таа тактика му се исплатеше, а сите четири дуели ги одигра со 0-2 гола на крајот. Интересно е дека и Англичаните сите четири меча на овој континентален собир ги одиграа со 0-2 гола, но на сите четири победија и досега немаат примено ниту еден гол, па јасно е кој е голем фаворит за пласман во финалето.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.97)

 

6705 Шпанија У21 – Украина У21 (21 ч.)

Дуел на две блескави генерации. Шпанците секогаш важеле за земја која има одлични таленти, но и Украинците сега се со генерација која сака да се претвори во „златна“. Интересно е дека и овие две селекции веќе ги испробаа силите на ова ЕП бидејќи беа заедно во Б групата.

Украина на тој меч одигран на 27 јуни на двапати беше во водство, а Шпанците израмнуваа. Црвената фурија се спаси од пораз со погодок во 90-тата минута за 2:2. Дека тоа реми на Украина не е случајно, покажа и четвртфиналната победа на Франција, и тоа прилично убедливо со 3:1.

Оваа генерација млади шпански фудбалери нема пораз на последните 14 дуели (10 победи и четири нерешени), но факт е и дека Украина има само еден пораз во последните 11 средби што ги има одиграно.

Двете селекции имаат одлични офанзивни играчи и може да се очекува нов дуел со многу погодоци и возбудувања.

Предлог тип: ГГ3+ (2.19)

 

4202 Тигре – Банфилд (22 ч.)

Две екипи кои се во долниот дел од табелата во првенството на Аргентина. Тигре има четири порази во последните пет кола, или ако се погледне подалеку во резултатите, само една победа во последните девет кола. Сепак, среќа е што играат против Банфилд, кој е на 26-тата позиција од 28 селекции и во 22 кола постигна само 15 гола.

Домаќините не смеат да си дозволат луксуз да загубат од овој ривал, но не треба да очекуваме дека ќе биде квалитетен дуел за гледање.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.00)

 

5621 Ал-Ахли – Исмаили (19:30 ч.)

Египетскиот гигант е лидер на табелата и голем фаворит за титулата, па дуел против ривал кој е дури на 13-тото место на табелата не треба да е проблем за домаќините. Ал-Ахли дома има 10 победи и само четири нерешени сезонава со гол-разлика 23:4.

Ако се погледнат меѓусебните дуели на овие два тима, во последните седум години одиграле 16 меча и Ал-Ахли има 10 победи и шест нерешени.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.84)

 

3565 Даугавпилс – Супер Нова (17 ч.)

Ова се двете најслаби екипи во првенството на Летонија. Домаќините имаат многу поголеми мотиви затоа што со победа може да избегаат од позицијата која води во плејаутот.

Супер Нова е во серија од седум порази и во овие седум меча речиси секогаш губеше убедливо, па имаше резултати како 2:5, 1:6, 1:5, 0:5, 1:4, 2:3, што значи дека дури шестпати било 5+ на крајот.

Предлог тип: 1&4+ (2.25)

 

- Оглас -

Најнови вести