За Јунајтед ќе игра најскапиот 16-годишен тинејџер?

Доволно беа само 23 натпревари и три погодоци во втората англиска лига за талентираниот Џуд Белингем да го сврти вниманието на себе. Шестнаесетгодишниот играч за врска на Бирмингем експлодира сезонава на големата сцена, што го доведе до позиција да биде поврзан со трансфер на „Театарот на соништата“.

Манчестер јунајтед има намера од Белингем да направи најскап 16-годишен тинејџер, така што ќе го урне рекордот на Пјетро Пелегри и Монако од 21 милион евра. Ѓаволите се подготвени да издвојат дури 29 милиони евра, или поточно 25 милиони фунти за новата сензација на англискиот фудбал.

Минатата сезона се шпекулираше дека Борусија Дортмунд покажува интерес за младиот Белингем, па можеби затоа Јунајтед тргна во офанзива со мултимилионската понуда.

- Оглас -

Најнови вести