Финалето на фудбалското Светско првенство во 2026 година кое ќе се игра во Њу Џерси, за првпат во историјата ќе има шоу на полувремето, слично на Супербоулот во НФЛ-лигата кој е најпопуларен спортски настан во САД.
Организаторите решија да вклучат нов тип на забава за фановите, соопшти претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Паузата меѓу две полувремиња трае само 15 минути, а Инфантино објасни дека има „список на уметници“ кои ќе настапат за време на шоуто, но не кажа дали полувремето ќе трае подолго од 15 минути.