Хари Мегваер продолжи со лошите настапи за Манчестер јунајтед, а по неговите две кардинални грешки Тотенхем за само 3 минути направи комолетен пресврт на „Олд Трафорд“ и води со 2:1.
Возбудлив беше стартот на дербито со три гола во првите 7 минути, а домаќините поведоа со прецизниот удар од белата точка на Бруно Фернандеш по само 120 секунди игра.
Но, потоа почна трагикомичната претстава на Мегваер и за само 180 секунди по неговите грешки Јунајтед прими два гола и губи со 1:2.
Најпрво стоперот лошо изби со глава, а Ндомбеле во гужвата беше најприсебен и израмни на 1:1, а веднаш потоа повторно киксираше капитенот на Манчестер, а искористи Сон и погоди за 1:2.