За кого како – Победничкото деби на Херлих, може да биде последен пораз за Вагнер

Хајко Херлих се извади со победа во дебито за него на клупата на Аугсбург, за глупоста што ја направи непосредно пред рестартот на сезоната во Германија.

Херлих требаше да дебитира во минатото коло, прво по долгата пауза поради Коронавирус, но беше казнет, бидејќи заминал да купи паста за заби, со што ги наруши строгите правила за карантин.

Денеска немаше никакви пречки за деби на клупата на Аугсбург, а за Хајко тоа беше успешно со убедлив триумф од 3:0 против Шалке 04 на гостински терен.

Победничкиот танц на Херлих, може да биде и последен за Давид Вагнер на клупата на Шалке 04. Тимот од Гелзенкирхен игра многу слабо, а рестартот во Бундеслигата му е со два тешки порази, со 0:4 од Борусија Дортмунд и 0:3 денеска од Аугсбург.

Со два дебакли со гол-разлика од 0:7 и серија од 8 меча без победа како кормилар на Шалке 04, Вагнер е прв кандидат за да биде сменет тренер во пост-ерата на Ковид-19 во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести