За кого ќе биде шпанска фиеста? Одиграјте го највозбудливото коло на Спортска прогноза

Шпанска фиеста ќе има викендов со два мегадерби-натпревари меѓу Барселона и Атлетико Мадрид и Реал Мадрид против Севилја, што можат да ја одлучат и судбината на новиот првак во Ла Лига.

И двата дуели се на менито на Спортска прогноза во 35-тото коло што е во тек за прогнозирање и можете со свои типови да се приклучите до сабота до 15 часот.

Од 16.15 часот во сабота ќе се игра мечот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, што ќе ја крои и судбината на титулата во Шпанија.

Атлетико е лидер со 76 бода, пред Барселона и Реал Мадрид со по 74 и Севилја со 70, а токму овие четири екипи ќе играат меѓу себе викендов.

Реал ќе ѝ биде домаќин на Севилја во недела од 21 часот и тој меч е последен на Тринаесетката што треба да се погоди за да се добие прекрасна награда „ајфон 11“.

Во фокусот ќе бидат и германскиот дуел меѓу Борусија Дортмунд и Лајпциг, Манчестер сити против Челзи и, секако, италијанското дерби меѓу Јувентус и Милан за настап во Лигата на шампионите.

Играта е забавна и бесплатна со многу награди, а учеството е едноставно. Ви треба само СЛ картичка од Sport Life и добра тактика за да се погоди Тринаесетката.

 

- Оглас -

Најнови вести