За „лавовите“ и реми доволно да се најдат осамени на врвот, кикснаа Башкими и Арсими

Иако до крајот на првенството има само уште четири кола, сепак, во второлигашката конкуренција се уште ништо не е познато. Во дербито на колото, во Штип, Брегалница и Македонија ЃП ремизираа без голови, 0-0, па и бодот беше доволен за „лавовите“ од Ѓорче Петров да се најдат осамени на врвот.

Тоа се должи пред се на поразот на Башкими на гостувањето кај Осогово со 1-0, но и на ремито на Арсими, 0-0, на гостински терен против Детонит Плачковица.

Доколку на врвот се уште ништо не се знае, на дното од табелата ситуацијата е далеку појасна. Се чини дека Борец и Вардарски следната сезона ќе играат во третолигашката конкуренција, додека Осогово ќе се обиде да го избори опастанокот преку баражот.

Резултати – 26. коло:

Вардар Н. – Борец 1-0
Брегалница – Македонија ЃП 0-0
Детонит П. – Арсими 0-0
Кожуф – Беласица 0-0
Скопје – Охрид Л. 1-2
Осогово – Башкими 1-0
Вардарски – Победа 0-1
Саса – Новаци 0-0

- Оглас -

Најнови вести