За легендарниот шпански арбитар главен виновник за скандалот на Валенсија – Реал е токму главниот судија

Ни два дена по завршување на дуелот Валенсија – Реал Мадрид не стивнуваат реакциите за одлуката на главниот судијата Манцано да означи крај и тоа само неколку моменти пред Реал Мадрид да постигне гол со кој ќе победеше на ова тешко гостување на „Местаља“. Фудбалерите на Реал Мадрид жестоко реагираа на таа одлука, а Џуд Белингам, кој го постигна голот што не беше признат, на крајот доби и црвен картон.

Во дебатата околу цела оваа ситуација се вклучи и некогашниот шпански судија Антонио Матеу Лахоз. Овој арбитер пред една година замина во пензија, а според негово видување, главен виновник за целиот хаос на Валенсија – Реал Мадрид е токму судијата Мансано.

„Судиите се обидуваат „слепо“ да ги следат правилата. Загрижувачки е тоа дека некој што има 11 години искуство и ќе биде наш преставник на ЕП го направи ова. Тоа е систематска грешка. Дури и тајмингот за означување на крајот на првото полувреме беше ужасен затоа што тогаш Валенсија имаше опасен напад. Судиите имаат премногу его. Ова беше грешка која алудира на непознавање на фудбалската игра“, вели Лахоз во своето размислување околу ситуацијата која го одбележа викендот во шпанското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести