Младинецот на Лестер, Џереми Монга, синоќа го имаше своето деби во Премиер лигата и веднаш влезе во историјата, стана вториот најмлад играч што некогаш заиграл во елитата на англискиот фудбал. Но, уште повпечатливо од неговото деби беше фактот дека не смееше ни да го носи стандардниот дрес на клубот.
На натпреварот против Њукасл, кој Лестер го загуби со 0-3 на „Кинг Пауер“, менаџерот Руд ван Нистелрој реши да му даде шанса на 15-годишниот Монга во 75-тата минута, кога исходот веќе беше јасен. Тој влезе на местото на Билал Ел Канус и заигра во нападот заедно со ветеранот Џејми Варди – играч кој има 23 години повеќе од него.
Кога Варди дојде во Лестер во 2012, Монга имал само три години. А кога Лестер ја освои титулата во 2016 – Монга имал шест години.
15-year-old Jeremy Monga comes on for Leicester to become the second-youngest player in Premier League history.
— B/R Football (@brfootball) April 7, 2025
So young he can’t have a gambling sponsor on his shirt 🚫 pic.twitter.com/lUUDs4jBGp
Многумина забележаа дека неговиот дрес немаше спонзор на предната страна, за разлика од останатите играчи. Причината е тоа што Лестер е спонзориран од BC.GAME, платформа за онлајн обложување со криптовалути, а играчите под 18 години не смеат да промовираат такви брендови. Тоа е строга регулатива во англискиот спорт. Поради тоа, сите играчи под 18 години мора да носат дресови без реклами на компанија за обложување.
Додека дебито на Монга носи оптимизам за иднината, сегашноста на Лестер е мрачна. Екипата се наоѓа на работ на испаѓање, со 15 бодови помалку од 17-то пласираниот Вулверхемптон и само седум кола до крајот на сезоната.
Дополнително, клубот влезе во историјата со негативен рекорд – осум последовни домашни натпревари без постигнат гол и со пораз.