За Лилард нема подобра мотивација од тоа да игра против најдобрите, а вечерва го чека дуел со Дончиќ

8364 Лос Анџелес кингс – Детроит Ред вингс (НХЛ, 04.30 часот)

Лос Анџелес се наоѓа во серија од три победи по ред, а во последниот меч го совлада Чикаго со 2:1 во продолжението, додека Детроит забележа два порази по ред.

Дополнителен проблем за Детроит претставуваат и повредите на неколку хокеари. Во последните пет меча, хокеарите на Лос Анџелес славеа, згора на тоа се во победнички ритам и за очекување и да слават и вечерва.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

8357 Њу Џерси девилс – Аризона којотс (НХЛ, 01 часот)

Њу Џерси е тимот во најдобра форма во НХЛ лигата и има серија од дури осум победи по ред, а во последниот дуел славеше по продолжението над Отава со 4:3.

Од друга страна, Аризона победи на последните три меча и скокна на деветтото место во Западната конференција. Во последните четири меѓусебни средби, секогаш славел гостинскиот тим, но вечерва е време да се прекине оваа мини традиција и Њу Џерси да ја продолжи победничката серија.

Предлог тип: 1&5+ (1.73)

 

8404 Демиен Лилард (НБА, Далас – Портланд, 02.30 часот)

Во Портланд се знае кој е прва ѕвезда, Демиен Лилард, кој секогаш кога игра против најдобрите играчи во НБА има дополнителна мотивација. Вечерва неговиот Портланд игра против Далас и за Лилард не може да има поголема мотивација од директниот дуел со најдобриот стрелец во лигата, Лука Дончиќ.

Лилард сезонава просечно постигнува по 28.6 поени по натпревар и за очекување е вечерва лесно да ја надмине границата што Sport Life ја постави на 25 поени.

Предлог тип: >24.5 поени (1.87)

 

8374 Кевин Дурент (НБА, ЛА Клиперс – Бруклин 22 часот)

Бруклин нест на последниот меч славеше против Њујорк никс благодарение на Кевин Дурент кој постигна 29 поени. Во отсуство на суспендираниот Кајри Ирвинг, Дурант мора да го презеде најголемиот товар во нападот, а вечерва го очекува дуел против ЛА Клиперс.

Се очекува Дурент да има директен дуел со Пол Џорџ, а бидејќи обожува да игра против најдобрите дефанзивци, за очекување е ѕвездата на Бруклин да биде реализаторски расположен.

Предлог тип: >29.5 поени (1.85)

 

8337 Детроит пистонс – Бостон селтикс (НБА, 01 часот)

Кошаркарите на Бостон селтикс се наоѓаат во серија од пет победи по ред со кои дојдоа до второто место на табелата во Источната конференција, веднаш зад Милвоки. Келтите вечерва за противник го имаат Детроит пистонс кој пак врза два порази во низа.

Најзаслужни за одличните резултати на Бостон се Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кои во последната победа на нивниот тим, над Денвер од 131:112, заедно постигнаа 59 поени. Згора на тоа, Бостон славеше на последните пет меѓусебни дуели против Детроит, а на првиот сезонава, беше издвојуван убедлив триумф од 128:112.
Се очекува вечерва Бостон да дојде до нов триумф и да ја продолжи победничката серија.

Предлог тип: 2 со хендикеп од 8.5 поени (1.78)

- Оглас -

Најнови вести