Тикет уплатен во средата на само 30 денари во Sport Life во скопско Драчево со 19 натпревари од европските купови, на обложувач му донесе бруто-добивка од 238.127 денари, од кои 112.134 денари се благодарение на бонусот.
Дека овој тикет може да биде добитен за среќниот обложувач, се виде уште во средата, кога првиот меч на тикетот, Реал Мадрид – Унион Берлин заврши со прогнозираната победа на домашните благодарение на гол во 94-тата минута. Кога тоа искушение помина, потоа работата беше малку полесна, иако на Реал Сосиедад – Интер вториот гол (се бараа 2-3) падна во 87-мата минута.
Останаа да се чекаат уште 12 мечеви во четвртокот. На неколку меча имаше резултатска нишалка, на Вест хем се чекаа три голови во второто полувреме, но сè испадна според желбите на обложувачот, па тој има супер добитен тикет.