12.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

За Македонија ќе навиваат и Шкотите, Ирците и Словаците

Победа или реми она што го посакуваат сите навивачи на македонската фудбалска репрезентација, а таков исход им одговара и на Словаците, Шкотите и Ирците, па и тие ќе навиваат за Македонија на гостувањето кај Велс.

Велс ако ја победи Македонија ќе биде во вториот шешир при ждрепката за баражите, а ако загуби или ако мечот заврши нерешено, ќе биде во четвртиот.

Токму местото на Велс во вториот шешир го „меркаат“ Словачка, Шкотска и Република Ирска. За да успеат, еден од условите е Велс да не ја победи Македонија и да ослободи место во вториот шешир.

Европските квалификации за СП завршуваат вечер, и тогаш дефинитивно ќе се знае кои ќе ни бидат можни ривали во баражите кои се играат во март 2026, а името на ривалот во полуфиналето и евентуалното финале ќе се знае в четврток.

- Оглас -

Најнови вести