Македонската фудбалска репрезентација е на чекор од остварување и на последната зацртана цел за 2020 година, а тоа е освојување на првото место во групата од Лигата на нациите и напредување во Сегментот Б за следниот циклус. За остварување на такво нешто, потребно е Македонија утревечер во Кипар да не загуби во дуелот со Ерменија во последното коло.
Иако Македонија ќе настапи без повеќе стандардни првотимци, атмосферата во Никозија е одлична и сите оние фудбалери коишто му се на располагање на селекторот Игор Ангеловски се мотивирани да го дадат најдоброто, а тоа се виде и на последниот денешен тренинг.
На Македонија доволно ќе ѝ биде да не загуби за да го задржи првото место во групата, но селекторот Ангеловски најави дека тој не знае да калкулира и нашата репрезентација ќе оди да ги освои трите бода.
ФОТО: Игор Паневски, ФФМ