10.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

За македонските олимпијци завршија настапите, највисок пласман 55-то место

Со денешниот женски слалом на кој учествуваше Јана Атанасовска се комплетираа настапите на македонските спортисти на Зимските олимписки игри во Милано Кортина. Важно беше да се учествува, врвни резултати не се ни очекуваа.

Атанасовска, за жал, не успеа да стигне до целта ни во слалом, ни во велеслалом. Но, таа има само 19 години и веројатно ќе има друга прилика како поискусна, да се покаже во подобро издание.

Во алпско скијање го имавме и Виктор Петров, кој беше 55-ти во велеслалом, и тоа е највисокиот пласман што го имаа нашите олимпијци во Милано Кортина. На Петров ова му беше деби на олимписки игри, во тимот влета само неколку дена пред Игрите, па учинокот и не е толку лош.

Во крос-контри Македонија ја претставуваа Ставре Јада и Ана Цветановска. Ана беше 105-та од 111 пријавени во трката на 10 километри.

Јада на своите трети ЗОИ имаше 89-то место во спринт, а 83-ти беше на 10 километри. Во трката на 10 километри послаби од Јада беа 28 натпреварувачи, па тоа 83-то место може да се толкува кој како сака.

- Оглас -

Најнови вести