За малку бадијала ќе им беше пехарот во Купот – Ќе се задушеа во славење на титулата

Играчите на Риека премногу бурно го прославија освоениот пехар во Купот на Хрватска, а стоперот Дарио Жупариќ предизвикал вистински хаос во соблекувалната откако со противпожарен апарат почнал да прска во просторијата.

Веднаш се појавил густ чад, па играчите почнале да бегаат во паника со пешкири и маици на лицата за да не се задушат. И тоа не било сè на стадионот во Пула, каде што вчера се играше финалето, што Риека го доби со 3:1.

Веднаш од чадот се вклучил системот за гасење пожар, па снемало и струја на стадионот. Сепак, на крајот сè минало без последици по новите освојувачи на пехарот во Купот на Хрватска. Член на Риека е и нашиот репрезентативец Дарко Велковски, но тој поради повреда не беше во составот на победникот.

- Оглас -

Најнови вести