За малку ќе имаше повеќе црвени картони од голови во првата македонска лига

Шкупи со 1-0 ја победи Академија Пандев во Струмица, иако гостите на средбата добија два црвен картони, од кои едниот пред да поведат. Сенегалецот Диене беше стрелец на голот за првакот.

Победа со 3-0 славеше во Кратово кај Силекс, но прилепчани до 90-та минута имаа само 1-0, па во финишот ја потврдуваа победата.

Црвен картон имаше и во Тетово каде Шкендија и Брегалница одиграа 0-0, а немаше голови ниту на скопската пресметка помеѓу Скопје и Работнички.

На табелата води Струга со 25 бода, дури девет повеќе од Шкендија и Тиквеш, со тоа што кавадарчани имаат одиграно и еден меч повеќе.

- Оглас -

Најнови вести