За Марсело нема дилеми: „Роналдињо е најдобриот фудбалер во светот“

Поранешниот бразилски репрезентативец Марсело неодамна одлучи да ги закачи копачките на клин и да стави крај на професионалната фудбалска кариера. Остана запаметен како голема легенда на Реал Мадрид, каде што мина 15 сезони, но изненадувачки изјави дека најдобриот фудбалер според него е Роналдињо, големиот ривал од Барселона.

„Секогаш играв со добри играчи. За мене најдобар е Роналдињо, со кого играв за репрезентацијата, но бев воодушевен и од Иско. Рече ‘никој нема да ми ја земе топката на тренинг’ и така беше. Тони Крос и Лука Модриќ беа неверојатни, но Иско секогаш успеваше да ме изненади. Во фудбалот ги остварив сите желби. Немав сериозни повреди, играв за најдобриот клуб на светот, но дојде време кога треба да се прави нешто друго“, рече Марсело.

Бразилецот за Реал Мадрид одигра 546 натпревари, освои 25 трофеи, од кои пет од Лигата на шампионите и шест во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести