За Мбапе најверојатно заврши групната фаза, може да се врати за четвртфиналето

Килијан Мбапе најверојатно ќе треба да паузира 10 до 15 дена поради скршеницата на носото која ја здоби синоќа за време на дуелот против Австрија. Најдобриот фудбалер на Франција по еден дуел со противнички играч се пожали на болка во носот, а потоа се забележа дека повредата е сериозна и мораше веднаш да го напушти теренот.

Најавите се дека Мбапе нема да оди на операција, туку ќе продолжи да игра со заштитна маска, но сепак тешко дека би бил подготвен за настап на дуелот против Холандија в петок, како и за средбата против Полска која е закажана за 25 јуни.

Мбапе кој има блескави настапи на Светските првенства и во 14 меча има постигнато 12 погодоци, кога се работи за настапи на ЕП, има пет настапи и уште нема постигнато ниту еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести