За мечот со Македонија, отпадна еден од најискусните англиски фудбалери

Бекот на Њукасл, искусниот Киран Трипие, нема да биде во составот на англиската фудбалска репрезентација на гостувањето во Скопје против Македонија.

Трипие доби дозвола да остане дома поради приватни причини, и отпадна од комбинација за настап на утрешното гостување. Трипие беше стартер на мечот со Малта.

Инаку, Гординот Албион претппладнево тренираше во Лондон во тренинг центарот на Тотенхем, а околу 18.30 часот треба да слетаат во Скопје и вечерва нема да тренираат на арената „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести