За Меси нема рекорди кои не може да ги достигне

Лионел Меси синоќа одигра еден од најдобрите мечеви во историјата на Примера дивисион. Барселона со 5-0 го победи Леванте на гости, а аргентинскиот виртуоз даде три погодоци и асистираше на останатите два гола. Едноставно, Меси сам го уништи Леванте, во чии редови целиот меч го одигра Енис Барди.

Освен тоа што веќе одамна е најдобар стрелец и најдобар асистент во историјатана Примера дивисион, а со овие три гола и две асистенции само ја зголеми рекордната бројката, Меси од синоќа е и играчот со најмногу победи во шпанското првенство во дресот на Барселона.

Лео стигна дo 323-тата победа во Примера и го остави зад себе поранешниот капитен Чави Ернандес, кој се радуваше на 322 победи. Интересно е што на Меси му беа потребни 432 дуели за да стигне до рекордот, додека Чави тоа го направи во 505 меча.

Во најскоро време се очекува уште еден јубилеј и рекорд за Аргентинецот. Досега има дадено 397 погодоци во Примера и му недостасуваат уште три гола за да биде прв со неверојатни 400 гола во првенството на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести