За Мурињо, Бенфика е вечен ривал, но им ја полни касата до плафон

Играчот за врска Гедсон Фернандес во наредните 18 месеци ќе ги брани боите на Тотенхем како позајмен играч. Привремениот ангажман вреди четири милиони фунти, додека во јули 2021 година Петлите се обврзани да платат дополнителни 45 милиони фунти.

Гедсон е првото засилување на Жозе Мурињо откако го презеде лондонскиот клуб, а интересно е што Португалецот редовно пазари играчи од Бенфика, најголемиот ривал на неговиот поранешен тим Порто. Имено, откако Фернандес ќе го оствари перманентниот трансфер, Бенфика ќе стигне до вкупна заработка од речиси 160 милиони фунти со продажба на играчи на екипи кои ги води токму Мурињо.

Како предводник на Реал Мадрид, Мурињо ги пазари Анхел Ди Марија и Фабио Коентрао од Бенфика за вкупно 57 милиони фунти, или 66 милиони евра. Во вториот маднат на Мурињо во Челзи, Немања Матиќ беше засилувањето кое дојде од главниот португалски град за 20 милиони фунти. Виктор Линделоф беше последниот играч кој од Бенфика заигра за тим предводен од „Специјалниот“, потпишувајќи за Манчестер јунајтед за сума од 30 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести