За Надал играчки заврши за 2023 година, прашање е дали ќе му успее планот за 2024 година

Рафаел Надал ќе го пропушти остатокот на сезоната во 2023 година. Шпанскиот тенисер вчера во Барселона имаше операција, а лекарите предвидуваат дека ќе му треба околу пет месеци за рехабилитација. Тоа значи дека Надал нема да биде подготвен за ниту еден турнир до крајот на годината, како и за настапите во Дејвис Купот.

Шпанецот денеска наполни 37 години, а најголемите проблеми ги има со колкот, како и со тетивите на ногата. Вчерашната операција поминала добро, сега ќе мора да мирува. Последниот меч Надал го имаше на Австралија опен кога во второто коло загуби од Мекдоналдс со 3:0.

„Морам целосно да го регенерирам своето тело, затоа што не сакам да играм ако не можам да бидам на посакуваното ниво. Сакам да бидем целосно подготвен за следната сезона, која ќе биде последна во мојата кариера. Ако сега решам да играм, тогаш нема да можам да играм во 2024 година“, неодамна објасни Надал, кога ги откажа учествата на Ролан Гарос и Вимблдон.

 

- Оглас -

Најнови вести